-->
-->
Цана: Среќен сум што победи фудбалот
-->
Капитенот на фудбалската репрезентација на Албанија, Лорик Цана, рекол мечот на неговата репрезентација и Србија минал во знакот на фудбалот, истакнувајќи дека „се било совршено“ о исклучок на конечниот резултат за неговата екипа.
„Најважно е дека се мина во најдобар ред. На сите им покажавме декаможеме да играме фудбал и дека на нашиот меѓусебен меч ќе преовладува фудбалот, а не некои други работи“, изјавил Цана за агенцијата Бета по натпреварот.
Албанија во квалификациите за пласман на ЕП загуби во четвртокот од Србија со 0:2.
Цана потенцирал дека во Елбасан „се било совршено“, а исклучок е само конечниот резултат.
„Резултатот не е добар за нас, но кога ќе го погледнете натпреварот, ние одигравме добро, меѓутоа Србија има искусни фудбалери и тоа го покажа. Знаеја ’да ја нагазат топката’ при 0:0 и потоа да победата во завршницата“, дополнил Цана.
Албанија во пресрет на последното коло во групата има 11 бодови на третото место, бод помалку од второпласираната Данска, додека Португалија го обезбеди настапаот на ЕП.
Албанците во последното коло гостуваат во Ерменија и само со победа ќе обезбедат пласман на ЕП, во спротивно ќе играат во баражот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови