Бутарис пуштен од болница
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис утрово беше пуштен од болница, откако беше задржан на лекување во текот на ноќта по нападот од група граѓани за време на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондијските Грци, во центарот на Солун.
- Тоа беше ужасен напад, но добар сум. Имам одлични односи со Пондите и не верувам дека напаѓачите беа Понди, рече Бутарис во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, само неколку часа по инцидентот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија сите политичари и политички партии во Грција.
- Оние што го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис не се ниту огорчени граѓани , ниту насобран народ. Тие се едноставно радикално -десничарски насилници кои итно треба да се соочат со последиците од нивните постапки, напиша грчкиот премиер на официјалниот Твитер профил.
Инцидентот се случи вчера во центарот на Солун, за време на одбележувањето на годишнината од геноцидот на пондијските Грци. Група граѓани, најпрво вербално нарекувајќи го „предавник“, а потоа и физички со пластични шишиња го нападнаа Бутарис. Солунскиот градоначалник со помош на придружбата беше одведен до неговиот автомобил, а толпата бесни граѓани дури и по влезот во возилото продолжи со нападите, кршејќи ги стаклата.
Јанис Бутарис не се чувствувал добро и веднаш бил пренесен во болница за да му се укаже прва помош и бил задржан и во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски