Бундесверот обучува кучиња да препознаваат коронавирус
Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со коронавирусот.
Бундесверот и Фондацијата на ветеринарната висока школа (TiHo) од Хановер во моментов ја тестираат можноста кучиња да бидат обучени за откривање на коронавирусот.
Во проектот се користат германски овчар, Кокер шпаниел и ретривери.
Се поаѓа од тоа дека кучињата можат, врз основа на молекуларен состав на некој мирис, да препознаат не само експлозиви, или дроги, туку и разни заболувања како карцином и дијабетес.
Врз основа на тоа, создаден е проект за откривање на коронавирусот од страна на службени кучиња.
– Со квота од околу 80 проценти, научниците во Улмен моментно се на најдобар пат успешно да го продолжат овој проект, соопшти воената школа за обука на кучиња.
Кучињата во моментов се обучуваат на тестови со плунка од заразени лица, на кои вирусот хемиски е направен безопасен.
По успешното заклучување на таа прва фаза, следната фаза е тестирање на откривање на активен коронавирус во човечка плунка.
– Тоа мора да се спроведе под други услови, затоа што мора да бидеме сигурни никој да не се зарази со високозаразните тестови, изјави шефот на проектот, Паула Јендрни.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
