Фудбал
16. August 2015 - 9:59

Бундес лига: Борусија Дортмунд - Менхенгладбах 4:0

Екипата на Борусија Дортмунд со убедлива победа пред своите навивачи синоќа ја почна новата сезона во Бундес лигата. Совладана со 4:0 беше истоимениот тим, но од Менхенгладбах. Екипата од Дортмунд настапи под водство на новиот тренер Томас Тухл, кој го наследиЈирген Клоп. Головите за домашниот тим ги постигнаа:  Марко Ројс 15.минута, Пјер – Емерик Обамејанг 21.минута и Хенрих Мхитарјан  33 и 50.минута.
Резултати на досега одиграните натпревари од првото коло:
Аугсбург – Херта 0:1,
Вердер – Шалке 0:3,
Драмштат – Хановер 2:2,
Баер Леверкузен – Хофенхајм 2:1,
Мајнц – Инголштат 0:1 и
Баерн – Хамбургер 5:0.
Попладнево се играат последните два натпревара:
Волфсбург – Ајнтрахт и
Штутгарт – Келн.