Булачани ќе добие нова водоводна мрежа

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска го посети Булачани, каде е во тек втората фаза од изградбата на водоводот.
Општина Гази Баба информира дека проектот почна лани и во првата фаза беа изградени 1,2 километри водоводна мрежа. Во втората фаза ќе се изградат 1,3 километри со што комплетно ќе се замени мрежата и ќе има 2,5 километри нова водоводна мрежа. По завршувањето на фазата ќе се пристапи кон санација и комплетно асфалтирање на улицата во должина од 250 метри.
- Со подобрување на водоснабдувањето во ова населено место ќе се воведе ред и водата ќе се користи порационално, ќе се постават водомери и на граѓаните ќе им се овозможат подобри услови кои им се потребни за секојдневно живеење, се вели во соопштението од општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
