Бугарско МНР: Рускиот филм за Кирил и Методиј е провокација

Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на режисерката Елена Мироненко. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за реакцијата против рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ се, како што се посочува, наводите дека светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија.
Според бугарското Министерство, филмот не е научно издржан и неточно се претставени историските периоди во него. Поради погрешно поставените или намерно изоставените фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Република Бугарија и Република Македонија постигнаа договор за историски личности и настани од нашата заедничка историја, меѓу кои и Свети Кирил и Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум и други, одобрени од владите на двете земји.
На крајот од овој став, бугарското МНР изразува надеж дека таквите провокации не вклучуваат директни или индиректни трети страни, и нема за цел да создаваат поделби и дека во иднина нема да бидеме сведоци на такви случаи, кои се спротивни на општоприфатените во светската историографија.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
