Бугарски медиуми: БПЦ го призна томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ
Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија“.
Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“.
Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија“.
На заседанието на Синодот, не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија.
Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија. Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции“ да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Дописникот на МИА од Софија јави дека се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки.
Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и влезе во канонско единство со неа.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
