Бугарска фондација постави бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Парк | ФОТО
Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15-ти до 21-ви август најавуваат нови активности.
„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.
Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11-ти август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.
Стојанов на својот фејсбук профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.
„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција