Балкан
4. May 2022 - 16:39

Бугарин со комбе направи хаос на границата меѓу Хрватска и Унгарија | ФОТО

Возач на бугарско комбе утрово во еден часот удрил во куќичките на границата меѓу Хрватска и Унгарија, при што неколку лица биле повредени.

Полицијата соопшти дека станува збор за сообраќајна несреќа, по што се очекуваат повеќе детали во следните часови.

Двајца хрватски полицајци завршија во болница по констатирани повреди, а засега не е познато какви повреди заработил возачот.