Бугарија размислува за обжалување на арбитражната одлука за „Белене“
Бугарската Влада ќе побара мислење за можноста за обжалување на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд од Женева во врска со исплатата на отштета на Русија поради откажувањето на проектот за изградба на нуклеарната централа „Белене“, јави БТА.
Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, премиерот Бојко Борисов ја задолжил министерката за енергетика Теменужка Петкова да побара писмен став од адвокатската куќа „Вајт енд Кејс“ во врска со можноста или неможноста за обжалување на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд за спорот меѓу „Националната електрична компанија“ (НЕК) и „Атомстројекспорт“ во врска со проектот „Белене“.
„Вајт енд Кејс“ е меѓународна адвокатска компанија која ги застапуваше интересите на НЕК пред Меѓународниот арбитражен суд.
Судот во јуни годинава реши дека НЕК мора да и плати 550 милиони евра отштета на руската компанија „Атомстројекспорт“, поради одлуката на Софија да го раскине договорот за изградба на нуклеарката „Белене“.
Руската компанија од Арбитражниот суд бараше да пресуди отштета од 1.2 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци