Бугарија оди на предвремени избори, Социјалистите не успеаја да формират влада
Бугарите напролет ќе излезат на парламентарни избори по петти пат во две години, откако социјалистите денеска се откажаа од плановите за формирање нова влада.
„Ги разгледавме можностите и решивме да му го вратиме мандатот на претседателот. Сега одиме на избори“, изјави таа.
Двете најголеми политички партии – централно-десничарската ГЕРБ и антикорупциската ПП, претходно не успеаја да формираат владејачка коалиција по добивањето на мандатот за формирање влада.
Отсуството влада ќе влијае врз плановите на Бугарија за приклучување кон еврозоната во 2024 година, ќе ги одложи потребните антикорупциски реформи и веројатно ќе спречи ефективна реализација на милијарди евра од фондовите на ЕУ.
Бугарија, најсиромашната членка на ЕУ, е политички нестабилна од големите антикорупциски протести во 2020 година. Оттогаш, балканската земја главно е управувана од преодни, технократски влади бидејќи нема стабилни коалиции.
Нинова денеска ги повика лидерите на шест други политички партии да се обединат околу четири национални приоритети, вклучително и ефикасно користење на помошта од Европската унија, но се појавија само лидерите на ГЕРБ, партијата на етничките турци МРФ и националистичката „Бугарски подем“.
Претседателот Румен Радев мора да го распушти парламентот и да распише избори во рок од два месеца.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
