Бугарија купува американски авиони Ф-16
Бугарската Влада денеска донесе одлука за купување на осум нови американски воени авиони Ф-16 од компанијата „Локид Мартин“ по цена од 1,25 милијарди американски долари (1,12 милијарди евра), изјави заменик министерот за одбрана Атанас Заприанов.
Тој додаде дека Владата одлучи да потпише четири договори за набавка на авиони Ф-16 Блок 70 со неопходната опрема.
Бугарија, која е членка на НАТО од 2004 година подолг период се обидува да ја замени застарената флота на авиони ловци МиГ-29 од советскиот период.
Шест авиони Ф-16 се со едно седиште, а два се со две седишта и ќе бидат испорачани најдоцна до 2023 година. Авионите покрај другото ќе бидат опремени и со проектили воздух-воздух и воздух-земја.
Тоа е најголема воена набавка на Бугарија од падот на комунизмот пред 30 години.
„Локид Мартин“ кон крајот на минатата година со Словачка потпиша договор за испорака на 14 авиони Ф-16 за 1,58 милијарди евра.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај