Бугарија: Кирил Петков не сака министри од ГЕРБ-СДС во неговата Влада
Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија.
– Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања, додаде Петков.
Тој коментира дека „клучот“ е ПП-ДБ да предложи малцинска влада, а заедно со ГЕРБ-СДС да разговараат за политиките.
– Според мене, многу е разумно, ако сакаат да видат каква влада ќе предложиме, да не поканат на состанок, на кој ќе одиме, рече Петков и објасни дека на таа средба ќе бидат претставени политиките и периодот во кој може да функционира евентуалната малцинска влада.
Ново на Сител
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози