Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес.
Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од објектот. Сепак, со навремена и пожртвувана интервенција, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово проширување кон останатите простории и целосно зафаќање на куќата.
Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на високите температури и суша, бидејќи и најмала искра може да предизвика пожар.
Воедно, тие потсетуваат дека при забележување пожар, граѓаните треба веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
МИА
Ново на Сител
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
