Брокер во лондонски Сити осуден на 14 години затвор

Поранешниот брокер во лондонскиот финансиски центар Сити, Том Хејс (35) е осуден на 14 години затвор за недозволено „манипулирање“ со меѓубанкарските каматни стапки.
Хејс ги „местел“ меѓубанкарските стапки на лондонските банки (ЛИБОР), предизвикувајќи милијарди задолжувања и направени позајмувања на глобално ниво, што според обвинителството и лондонскиот суд, претставува пример за банкарска измама.
Осудениот брокер со манипулациите што ги правел, обезбедил за себе зголемување на својата плата, како и добивање на високи банкарски бонуси, за своето „успешно и вешто“ работење на пазарот со пари, но судот го осуди и за неговата лакомост по пари и заработувачка.
Ова е досега највисоката затворска казна за еден банкар, од избувнувањето на финансиската криза, во есента 2008 година.
Лондонските весници посветуваат големо внимание на осудувањето на Хејс. Сите се согласуваат дека казната е „целосно заслужена“ но сугерираат дека тој не може да остане единствениот виновник за скандалот со ЛИБОРОТ во Сити.
Медиумите бараат одговорност и за неговите директори и за сите кои имаат материјална и друга корист од манипулациите на Хејс, барајќи тие или да бидат изведени на судење, или против нив да се покрене обемна и детална јавна истраха.
Според „Фајненшл Тајмс“ Хејс е првиот што е осуден за манипулации со каматните стапки во интербанкарските трансакции, додека „Тајмс“ смета оти високата казна за поранешниот брокер е „силна порака„ за Сите и за тамошните вработени, како осуда за нивната лакомост по брза и лесна заработувачка.
Осудата за брокерот Том Хејс доаѓа во време кога британската јавност се уште очекува да се почне со долго најавуваните реформи на банкарскиот систем, на кои најмногу се противат банките и банкарите.
Ново на Сител
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
