-->
-->
Бројот на жртви во уривањето на зграда во Триполи се искачи на 13
-->

Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе заробени под урнатините, објавија денеска либанските медиуми.
Претходно беше објавено дека најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, загинале кога се урнала зграда во Триполи вчера.
Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување.
Службениците вчера соопштија дека се урнале две соседни згради.
Шефот на либанската агенција за цивилна одбрана изјави дека во двете згради живееле 22 лица.
Во последните недели во Триполи, вториот по големина град во Либан, се урнаа неколку стари станбени згради.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
-

Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
-

Изменет законот за високо образование
