Бројот на вработени кои побарале лекарска помош од РЕК Битола се искачи на 120, кујната времено затворена

Санитарната инспекција привремено ја затвори кујната во РЕК Битола, а работниците од синоќа и денеска добиваат сув ладен оброк, информираа од комбинатот.
Одлуката на санитарната инспекција доаѓа по вчерашната појава на здравствени проблеми, стомачни тегоби, кај работници на РЕК Битола кои јаделе лазања со сос.
Во текот на вчерашниот ден до 15 часот беа регистрирани 81 преглед во Инфективно одделение на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, а ноќеска и претпладнево лекарска помош побарале уште 30 лица.
Со кујната во РЕК Битола управува хотелот „Молика“ од каде потврдија дека здравствениот проблем е изолиран случај бидејќи секојдневно од кујната на хотелот за работниците во РЕК Битола се испорачуваат околу 1.600 порции храна, а здравствен проблем е регистриран само кај одредени работници со лесна клиничка слика.
Извештајот на санитарната инспекција ќе биде познат за 72 часа потврдија од РЕК Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
