Бројот на починати мигранти, пронајдени во камионот во Тексас, се зголеми на 51
Бројот на починати мигранти пронајдени во напуштен камион во градот Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, се зголеми на 51.
Официјалните лица претходно соопштија за 48 почината, но сега таа бројка е ревидирана на 51.
Во болница биле примени 16 лица, кои биле пронајдени живи, меѓу кои и четири деца. Меѓутоа, петмина од нив подоцна починале.
Се претпоставува дека станува збор за илегални работници кои незаконски влегле во САД. Меѓу пронајдените има 22 мексикански државјани, седум Гватемалци и двајца од Хондурас, а за останатите се уште се чека идентификација.
Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус, во понеделникот изјави дека работник во близина на Сан Антонио слушнал извици за помош од приколка од напуштен камион и дека потоа биле пронајдени телата, како и преживеаните.
Мекманус претходно изјави дека возачот и уште две лица се приведени, но не го откри нивниот идентитет.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер