Бројот на бегалци од Косово се уште висок, потребни се трајни решенија

Бројот на бегалци од Косово се уште е висок, иако поминаа 18 години од косовската криза. Потребни се трајни решенија за проблемите со кои се соочуваат овие лица, беше истакнато на дводневната конференција што започна денеска во Скопје во организација на Народниот правобранител и УНХЦР.
Податоците со кои располага УНХЦР покажуваат дека околу 218 илјади лица се регистрирани како раселени лица од Косово, а од нив на најмалку 90 илјади ќе им биде потребна помош и трајно решение.
- Најранливите категории секогаш имаат најмногу проблеми во однос на враќањето во својата земја или интеграцијата на локално ниво. Во тој поглед, раселените лица од ромска припадност од Косово се наоѓаат во најранливата група бидејќи немаат документи особено во однос на децата родени при раселувањето, истакна Даг Сигурдсон од УНХЦР во Скопје.
Тој додаде дека приоритет на УНХЦР и понатаму останува изнаоѓањето на трајни решенија за овие лица.
За народниот правобранител Иџет Мемети, жалбите и претставките од косовските бегалци, кои и по 18 години од кризата пристигнуваат на адреса на Народниот правобранител, се доволна причина за посуштинско разгледување на ситуацијата во која се наоѓаат бегалците.
- Кон крајот на мај организиравме работилница од која призлегоа повеќе предлози за решавање на идентификуваните проблеми како што се статусните проблеми, социјалната заштита, неможноста за склучување на брак, натурализацијата, суспендираното враќање и.т.н. Задоволен сум што дел од проблемите се веќе надминати како резултат на понудените решенија, но сепак останува потребата од посериозен ангажман на нашите органи во решавањето на останатите проблеми, нагласи Мемети.
За време на косовската криза во Македонија пристигнаа околу 350 илјади бегалци. Две дена по престанокот на воените дејства во Косово, во Македонија имаше околу 250 илјади бегалци, а преку програмата за хуманитарна евакуација околу 98 илјади бегалци беа префрлени во трети земји, а еден мал дел во Албанија.
Ново на Сител
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
