Македонија
3. јуни 2016 - 11:00

Брод со мигранти се преврти во близина на Крит

Во водите околу островот Крит во тек е спасувачка операција по „значителен број“ мигранти, откако се превртел брод со засега непознат број бегалци во него, соопштија грчките власти.

Грчката крајбрежна стража инфорнмира дека бродот бил лоциран 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води и оти досега се спасени 250 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во операцијата за спасување учествуваат четири бродови, два грчки патролни чамци и два хеликоптери.