Брнз: На Македонија и се потребни избори согласно законите и Уставот
Амбасадорката на САД во државава Кејт Мари Брнз во изјава за МИА порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИд-19. Истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата.
-Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија и се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со КОВИД-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ. Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата,наведува Брнз.
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Скопскиот државјанин успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
