Брнабиќ: Србија една од седумте европски земји во програмата за компјутерска обработка на податоци за ЦЕРН
Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Белград се сретна со делегацијата на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), предводена од шефот на Одделот за информатичка технологија на ЦЕРН, Енрика Поркари, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ истакна дека ова е голем и значаен ден, кога станува збор за соработката меѓу Владата на Република Србија и ЦЕРН, бидејќи денеска во Државниот центар за податоци во Крагуевац, ќе се потпише Меморандум за разбирање за соработка, воведување и експлоатација на Светската LHC компјутерска мрежа за формирање на „Тиер-1 центар“, соопштија од срспката влада.
Според Брнабиќ, потпишувањето на Меморандумот е одлична почетна точка за Србија што поскоро да стане дел од глобалната компјутерска инфраструктура, чија цел е да обезбеди ресурси за складирање, обработка, пренос и анализа на податоци од Големиот хадронски судирач во ЦЕРН.
-Србија денеска станува една од седумте земји во Европа и една од десетте во светот кои се во програмата за компјутерска обработка на податоци за ЦЕРН. Тоа е исклучително сложено и многу важно за нашата наука, рече таа.
Брнабиќ додаде дека потпишувањето на договорот со ЦЕРН е „многу важно за референцата на Србија во науката и истражувањето“.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска