Брнабиќ и Вархеји за динамиката на активности во процесот на пристапување во ЕУ
Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска одржа онлајн состанок со Европскиот комесар за проширување и соседство, Оливер Вархеји, јави дописникот на МИА од Белград.
На состанокот присуствуваше министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, која го информираше Вархеји за активностите спроведени во рамките на кластерот 3 – Конкурентност и инклузивен раст и кластерот 4 – Зелена агенда, дигитализација и одржлива поврзаност, соопштија од српската Влада.
Тема на разговорите беше продолжувањето и динамиката на активностите што ги спроведува Србија во процесот на пристапување кон Европската унија. Особено се дискутираше за реформите што се спроведуваат во областа на владеењето на правото.
Брнабиќ го информираше комесарот Вархеји за активностите договорени со Народното собрание на Република Србија во врска со постапката за промена на Уставот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ