Британските генерали го предупредуваат Камерон за Сирија

Британски воени функционери и генерали го предупредуваат премиерот Дејвид Камерон околу интервенцијата во Сирија и изјавите со кои таа се оправдува, пишуваат лондонските медиуми.
Повод за критиките е изјавата на Камерон дека зад британските бомбардери, кои веќе на два пати ги нападнаа позициите на џихадистите во Сирија, се наоѓаат „70 илјади умерени сириски борци“ за кои премиерот вели дека се подготвени да се борат против милитантните исламисти и ИД.
Воени експерти изразуваат сомневање дека воопшто постојат сили, кои се подготвени да го направат тоа, па дека затоа не треба да се тврди оти некој е подготвен да војува против ИД и тоа во еден таков обем.
Тоа е особено видливо по американското признание дека пропаднала операцијата за вооружување и обучување на „умерени исламисти во Сирија“, кои САД настојуваа да ги подготват како алтернатива на џихадистите на ИД и на силите на претседателот Башар ал Асад.
Камерон го потврди постоењето на таа „армија умерени борци“, кои би се судриле со џихадистите, во излагањето пред пратениците на британскиот Парламент, кога бараше од нив подршка за операцијата за бомбардирање на позициите на ИД во Сирија.
Воените функционери, чиј идентитет медиумите не го откриваат и генералите сега бараат од премиерот да го извади тој дел од својот говор, затоа што постои опасност да биде обвинет за „надуено досие“.
Лондонски „Тајмс“ го предупреди Камерон дека неговите „70 илјади борци спремни за борба“ со ИД многу наликуваат на тврдењето на поранешниот премиер Тони Блер, кој во декември 2002 година, пред интервенцијата во Ирак, уверуваше дека Садам Хусеин има капацитет за 45 минути да ја нападне Велика Британија.
Британската левица веќе обвинува дека и воздушните напади врз позициите на џихадистите се „вовед во уште една војна“ на Блискиот Исток, во која е вмешана и британската армија.
„Фајненшл Тајмс“, пак, забележува дека нападите во кои Британците се вклучени од четвртокот, не ја решаваат сириската ситуација, а уште помалку може да го решат главниот проблем на Камерон (и на другите), а тоа што отсуствуваат арапските сојузници.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
