Британскиот сој на коронавирусот брзо се шири во штипскиот регион
Британскиот сој на корионавирусот почна забрзано да се шири во штипскиот регион, алармираат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје. Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за МИА вели дека деновиве повторно на пунктот за земање на брисеви имаат над 40 пациенти. Забележува дека од вчера во изолација се 28 деца од претшколска возраст и две воспитувачки од градинката во населбата Автокоманда. Дел од децата се тестирани, а нивните резултати се негативни. Во моментов потврдени се позитивните резулати и за двајца учители, кои имаат физичка настава.
-Вирусот се шири брзо низ семејствата и во колективите, каде што има заразени лица. Бараме граѓаните да ги почитуваат мерките, носење на маски, држење на дистанца и што е најважно да не се групираат и собираат по домовите, бидејќи на тој начин го штитат сопственото здравје, но и здравјето на најблиските кои се во ризичните групи, вели Димитрова.
Во моментов има околу 170 активни случаи. Пред само пет дена активни беа 109, што значи бројката е зголемена за нови 60 случаи.
Во штипскиот ковид центар има благо зголемување на бројот на пациенти од источниот регион, на кои им е потребно болничко лекување.
Вкупно хоспитализирани се 46, од кои четврици се во тешка здравствена состојба и се на одделеот за Анестезиологија. Три лица ја загубија битката со коронавирусот. Двајца пациенти од Кочани на возраст од 51 и 59 и еден пациент од Штип на возраст од 73 години.
Ново на Сител
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
-

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание
-

Фатон Сељами од Тетово избран за Народен правобранител
-

„Безбеден град“ стартува од 1 февруари, Собранието го изгласа Законот за прекршоците
