Британскиот министер за труд и пензии Стивен Краб прв се пријави за наследник на Камерон

Британскиот министер за труд и пензии Стивен Краб ја соопшти својата немера да се кандидира за лидер на Конзервативната партија и, адекватно на тоа, за нов британски премиер, на местото на Дејвид Камерон, пренесоа британските медиуми, цитирајќи го сајтот Политико.
Камерон минатата недела соопшти дека ќе се повлече откако Британците во четвртокот ги игнорираа неговите повици на референдумот да гласаат за останување на земјата во ЕУ.
Краб е првиот претендент за наследник на функцијата на Камерон, кој јавно ја соопштува својата кандидатура.
Поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, најпознатата фигура во кампањата за Брегзит, засега е фаворит на обложувалниците за местото на Камерон. Друг кандидат со сериозни шанси е министерката за внатрешни работи Тереза Меј.
Поднесувањето на кандидатури треба да заврши на 30 јуни, а името на новиот шеф на конзервативците треба да се објави до 2 септември, наведува ТАСС.
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
