Британски амбасадор: Труењето на Скрипал е напад врз меѓународните вредности
Британскиот амбасадор во Русија, Лоренс Бристоу изјави денеска дека труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија претставува напад врз меѓународните вредности.
Тој утринава беше повикан на разговор во руското Министерство за надворешни работи.
- Секогаш ќе направиме се што е потребно себе си, своите сојузници и нашите вредности да ги одбраниме од вакви напади. Тоа не е напад само врз Велика Британија, туку и врз меѓународниот основен систем на правила од кој сите земји, вклучувајќи ја и Русија, зависат во врска со својата безбедност, истакна Бристоу по состанокот во руското МНР.
Според него, „оваа криза почнала како резултат на ужасниот напад во Велика Британија, планираното убиство на две лица со употреба на хемиско оружје произведено во Русија и непријавено во Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје, што Москва морала да го направи според Конвенцијата за хемиско оружје“.
Британскиот амбасадор бил информиран дека Москва ќе прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, кои ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.
Властите во Москва денеска, исто така, донесоа одлука да се повлече одлуката за повторно отворање на Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург и да прекине функционирањето на Британскиот совет во Русија.
Освен тоа, Русија има право да преземе и други мерки против Лондон, се наведува во соопштението на руското МНР.
Скрипал и неговата ќерка и понатаму се наоѓаат во критична состојба по триењето се нервен гас на 4 март.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух