Британската Влада продолжува со планот од март да ја почне процедурата за излез од ЕУ
Британската Влада се уште има намера до крајот на март да ја активира официјалната процедура за напуштање на Европската Унија и не смета дека судската одлука, според која за тоа е потребно одобрение од Парламентот, ќе го наруши овој редослед на настаните, пренесуваат британските медиуми.
- Владата јасно порачува дека има прерогативна власт да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе почнат двегодишните преговори за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави портпаролката на премиерката Тереза Меј.
- Останува во сила нашиот план за активирање на член 50 до крајот на март. Сметаме дека правниот редослед тоа треба да го дозволи, изјави таа.
Висок член на конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека неопходно е до крајот на март, ЕУ да ја добие јасната намера на Велика Британија за напуштање на заедницата.
- Во спротивен случај хаосот, предизвикан од референдумот на поранешниот (британски) премиер Дејвид Камерон, ќе се одрази врз изборите за Европскиот Парламент во 2019 година, изјави Гинтер Крихбаум, кој е претседател на комисијата за европски прашања на Бундестагот.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, утре телефонски ќе разговара со Меј, изјави портпаролот на ЕК. Тој одби да ја коментира денеска донесената судска одлука.
Доскорешниот лидер на Партијата за независноста на Обединетото кралство (УКИП) Нејџел Фараж, кој ја водеше кампањата за Брегзит, изрази загриженост дека по судската одлука политичарите ќе се обидат да го запрат или да го забават излезот на Велика Британија од ЕУ.
Според него, тоа ќе биде предавство на луѓето, кои гласаа за напуштањето на ЕУ, посочуваат американските медиуми.
Британските опозициски лидери ја повикаа Владата на Меј да го запознае Парламентот со преговорачките услови за излез од ЕУ, откако Вишиот суд на Лондон утврди дека е неопходно одобрение од Парламентот за да се активира процедурата за Брегзит.
- Потребна е транспарентност и отчетност пред Парламентот за условите за Брегзит, изјави лидерот на лабуристите Џереми Корбин.
Меј инсистира на тоа да не ги открива своите позиции пред почетокот на преговори со ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕид пронашол 18 парчиња стар експлозив и фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ