Брисел воведува нова рамка за собирање и доставување информации за авиопатниците што влегуваат во ЕУ

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ денеска одобри две регулативи за воспоставување и примена на рамката за собирање и предвремено доставување на информации за авионските патници (АПИ), со која се очекува да биде подобрена граничната безбедност на блокот и зајакната борбата против тероризмот и сериозниот криминал.
Според унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер, ЕУ не сме да се дозволи сиви зони во врска со лицата кои пристигнуваат во неа со авиони.
– Благодарение на двата закони усвоени денеска, органите за спроведување на законот и граничните служби однапред ќе добиваат попрецизни и навремени информации за сите лица што се наоѓаат на летовите кон ЕУ, нагласи Пинтер.
Според Регулативата за собирање и предвремено доставување на информации за патниците, авиокомпаниите ќе бидат должни на граничните служби однапред да им доставуваат податоци за лицата кои патуваат со нивните авиони на линии од трети земји кон членките на Унијата.
Овие податоци треба да вклучуваат информации за патните документи на патниците, како и детали за летот и багажот.
Ова, според Советот, ќе им овозможи на властите да спроведат претходни проверки на патниците што доаѓаат, да ги проценат потенцијалните безбедносни ризици и ефикасно да се справат со нив, со што ќе се забрзаат граничните проверки и ќе се гарантира поголема безбедност на надворешните граници на ЕУ.
Регулативата за примена на АПИ, пак, треба да помогне во спречување, откривање и гонење на лицата поврзани со тероризам и сериозен криминал.
Тоа би се постигнало со поврзување и вкрстена проверка на податоците од АПИ и од евиденцијата на имињата на патниците, со што би им се овозможило на властите да ги следат криминалните активности и да го спречат минување на криминалците и терористите преку границите на ЕУ.
За функционирање на рамката ќе биде воспоставен централизиран систем за пренос и попрецизно споделување на податоците, со што би се намалиле административните оптоварувања.
Овие две регулативи ќе го замената сегашното законодавство за доставување на информации за патниците, усвоено во 2004 година.
Според статистичките податоци, во предпандемиската 2019 година по воздушен пат во ЕУ влегле или излегле над 500 милиони патници, што ја покажува важноста на патничкиот авиосообраќај во борбата против прекуграничниот криминал и тероризмот.
– Авиосообраќај се повеќе се користи од криминалците и терористите, па затоа обезбедувањето навремен пристап до податоците за патниците е од клучно значење за одржување на безбедноста.
Овие две регулативи ќе ги надминат празнините во постојните закони, воспоставувајќи поуниформни практики за собирање и обработка на податоците, нагласува Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
