Македонија
9. July 2022 - 19:56

Брифинг од ЕУ дипломат: Промени во преговарачката рамка ќе го вратат процесот на почеток

Било какви промени во преговарачката рамка ќе значат враќање на почетокот на нови преговори и нови барања во соогласност од 27 земји членки вклучиувајќи ја и Бугарија.

Дипломатски извори од Европската комисија денеска брифираат дека денеска потенцијално ако воопшто е можно отворање на содржината на предлогот би значела две работи. Првата дека ќе бидат потребни дополнително време што би значело дека ќе има промена во динамиката и дека ЕУ ќе го продолжи процесот со Албанија и Втората дека таквиот чекор не би донел извесност дека ќе стаса подобар предлог од оној кој е на маса - велат дипломатските извори.

Во текот на процесот велат дека се можни нови бета, но сметаат дека доколку тие не се однесуваат на копенхашките критериуми тоа ќе влијае на земјата членка која ќе постави блокада