Бремена невеста почина на пат кон венчавката- по трагедијата, се случи Божјо чудо
Џесика Гуедес имала 30 години и била бремена. Влегла во лимузината која требало да ја однесе на нејзината венчавка. Но, само во една секунда сето тоа се променило.
Додека се возела низ улиците во Сао Паоло, почувствувала слабост и болки во вратот. Нејзиниот свршеник цело време бил пред олтарот. Прво мислел дека малку доцни, но кога еден избезумен роднина влегол да побара помош, му било јасно дека нешто лошо се случило.
Невестата се онесвестила во лимузината и морало итно да биде превезена во болница. Таму бил направен царски рез во обид да го спасат бебето, а Џесика веќе била мртва – таа имала тежок мозочен удар.
Девојчето било тешко едвај еден килограм и веднаш било примено на одделот за интензивна неонатална медицина. Всушност, болките во вратот кои ги чувствувала Џесика биле знак дека таа има мозочен удар.
Според лекарите, тоа се случило како последица на прееклампсија и внатрешно крварење. До тој момент, никој не забележал никаков проблем, а Џесика одела на редовни прегледи и здраво се хранела цело време.
Нејзиниот избраник по оваа трагедија останал силен, за да може да се грижи за нивната ќерка.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска