-->
-->
Брегалница и Скопје нови фудбалски прволигаши
-->
Екипите на Скопје и Брегалница од Штип триумфираа денеска во второлигашката конкуренција во западната и источната група и на две кола пред крајот на првенството обезбедија настап од идната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Фудбалерите на Скопје го заверија прволигашкиот статус и по подолго време се враќаат во ПМФЛ со триумфот попладнево на домашен терен од 2:0 над Охрид, додека Брегалница убедливо со 3:0 го совлада Кожув на Градскиот стадион во Штип и по четири години минати во Втората лига – Исток е нов прволигаш.
Од поодамна прволигашкиот статус го загуби Беласица, додека на чекор до преселба во второлигашка конкуренција е и најтрофејниот македонски клуб Вардар по денешниот пораз во градското дерби од Работнички со 3:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта