Брасер: Да не се бојкотираат предвремените избори во Македонија

Досегашната претседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, луксембуржанката Ан Брасер, непосредно пред истекот на нејзиниот мандат испрати повик до сите политички партии во Македонија да не ги бојкотираат предвремените параламентари избори, јави дописникот на МИА.
- Не сакам да се мешам во внатрешните работи на Македонија, но сакам да им кажам на сите партии, дека со бојкотирањето на изборите или непризнавањето на резултатите или бојкотирањето на парламентот, нема да успееме да живееме во демократија. Потребно е да се прифати играта, рече таа.
Брасер смета дека три месеци се доволни за подготовка на изборите.
- Три месеци пред изборите. Кога гледам други земји каде премиерот е тој кој ги најавува изборите, за многу, многу пократок период, тоа значи дека тоа не е исклучок, рече Брасер.
Досегашната претседателка на ПССЕ, притоа уште еднаш испрати јасна порака до политичките партии во Македонија.
- Ги повикувам оние кои не се согласуваат со ова да го прифатат бидејќи тоа е демократско правило, истакна претседателката Брасер
Ан Брасер, исто како и другите членови на ПССЕ кои ја следат Македонија, ќе можат поизворно да се запознаат со најновиот развој на ситуацијата од страна на македонската собраниска делегација, предводена од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и членовите Рената Дескоска од СДСМ и Ермира Мехмети од ДУИ.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
