Балкан
31. March 2016 - 14:47

Брамерц: За неколку дена ќе решиме дали ќе ја обжалиме пресудата за Шешељ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави дека е уверен оти семејствата на жртвите и голем број луѓе нема да бидат здоволни со денешната ослободителна пресуда за лидерот на српските радикали Војислав Шешељ, нагласувајќи дека Обвинителството во голема мерка ја дели нивната фрустрација.

Брамерц најави дека за неколку дена Обвинителството ќе одлучи дали ќе поденесе жалба на пресудата или не.

- Ќе ни треба време да ја проучиме аргументацијата на Судскиот совет, а имаше и издвоени мислења. Апсолутно сум убеден дека заедницата на жртви и голем број на луѓе не се задоволни со ваквиот исход. Ние во голема мерка ја делиме нивната фрустрација, посочи Брамерц.

Тој додаде дека неговата канцеларија ќе ги проучи аргументите и потоа ќе олучи дали ќе се жали.

Хашкиот трибунал денеска пресуди дека лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото.