-->
-->
Брамерц: Укинување на пресудата на Шешељ е приоритет за Хаг
-->

Укинувањето на првостепената пресуда, со која Воислав Шешељ е ослободен од обвиненијата за воени злосторства, е приоритетна задача на Хашкиот трибунал, изјави главниот хашки обвинител Серж Брамерц.
Тој минатата недела беше во посета на Сраево, каде во интервју за весникот „Дневни аваз“ истакна дека обвинителството во Хаг „силно се ангажира“ за укинување на ослободителната пресуда на лидерот на српските радикали.
- Сакам да бидам целосно јасен: не сме задоволни и знаеме дека пред себе имаме важна работа, нагласи Брамерц.
Исто така, тој потврди и дека многумина се незадоволни и разочарани од пресудата на Радован Караџиќ, бидејќи, иако е осуден, сепак со неа не е потврдено извршување на геноцид, освен во Сребреница.
Брамерц изјави и дека очекува провостепената пресуда за Ратко Младиќ да биде изречена до крајот на следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
