Браќа од Богданци биле главни за криумчарење мигранти
МВР ги фати браќата организатори на 6 члената криминална група за криумцарење мигранти. Десет месеци биле следени од полицијата како ја организираат групата. Мигрантите ги преземале од Грција каде соработувале со криминална група која ги носела до јужната граница. Оттаму преку диви премини кај Дојран, Гевгелија и Струмица во моторни возила ги прифаќале мигрантите и ги носеле до договорени локации во Кумановско-Липковскиот регион. Таму ги сместувале кај лице кое нелегално престојувало и ги засолнувале кај него додека да ги пренесат на територија на Р.Србија. Мигрантите за ова плаќале од 500 до 700 евра по лице. Уапсени се 4 лица а еден е на издржување мерка притвор. При претреси во вкупно 6 објекти на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино пронајдени се патничко возило, мобилни телефони, сим картици, пиштол и муниција.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот