Браќа близнаци од Албанија ограбиле над 100 домови во Италија
Италијанската полиција, во рамките на акцијата насловена „Близнаци“, ги уапси 31-годишните браќа близнаци по потекло од Албанија, Едмонд и Едуард Труши, кои подолг период вршеле грабежи во повеќе градови во централна и северна Италија.
Во повеќе од 100 куќи и луксузни вили тие влегувале додека сопстевниците спиеле или не биле дома, со помош на софистицирани уреди кои не прдизвикуваат звук.
Полицијата им влегла во трага на 28 октомври минатта година, кога при кражба еден од браќата бил ранет, но не успеала да ги уапси иако го идентификувала врз основа на трагите од крв.
Во последната акција во нивниот стан бил уаспен Едуард, додека Едмонд успеал да побегне со автомобил „Форд Мустанг“, но по 24 часа и тој бил уапсен.
Во акцијата се запленети два луксузни автомобили, 24.000 евра, пет рачни часовници „Ролекс“ и златен и дијамантски накит во вредност од 300 илјади евра.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата