Брачна двојка го организирала својот погреб за да види кој ќе им дојде

На ручекот во знак на простување од животот ги повикале роднините, пријателите и новинарите.
Овие последните, како што велат домаќините им се најдраги, зошто во голем број се оѕвале на поканите кои Драган ги поделил во редакциите уште пред три месеци.
-Ние двајцата се запознавме во Клубот на осамени во Нови Сад. Тој пред тоа имаше два неуспешни брака, а мојот прв сопруг почина. Се засакавме на прв поглед, а кога ја добивме пензијата овде дојдовме пред 16 години и убаво ни е, се сакаме, мазиме и чуваме - раскажува Драгица покажувајќи го ѕидот на спомени, на кој се слики од Драган со бившите жени, нивна заедничка, како и постери од ФК Партизан и слика од Тито.
На гробот каде Драган го одржа прошталниот говор од животот, се покажа изработен мермерен гроб на црно-белиот тим, кој му е во срцето.
-Имав на едниот и на другиот свет две големи љубови: тоа е мојата Драгица и ФК Партизан. На овој проштален чин се одлучивме од повеќе разбирливи причини. Немаме деца, а не сакаме никому да му бидеме на трошок кога засекогаш ќе затвориме очи. Се направивме, ја уредивме горбницата и споменикот, видовме кој ни дојде на испраќањето, ги почестивме гостите и се простивме од нив без солзи, објасни Драган во својот говор на гробиштата во Појезин, велејќи дека по тоа прашање, за нив се друго е чиста формалност.
Тие приредија богата трпеза, имаше се во изобилство, а Драган и Драгица ја пресекоа тортата и ја поделија на гостите.
На крајот се се бакнаа и се заколнаа на верност и на оној свет без оглед што Драгица и не му верува толку по тоа прашање, зошто ако му се укаже можност, тој и по четврти пат ќе ја искористи.
Ново на Сител
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ

