-->
-->
Божо Анџелиќ е новото засилување на РК Вардар 1961
-->
Црногорскиот репрезентативец, Божо Анџелиќ, е новото засилување за Вардар. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година, објави РК Вардар 1961.
Од клубот соопштуваат дека договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона со можност за продолжување на уште една.
Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Во својата кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед, Металург, и Ференцварош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа