Божица на Греми: Спектакуларен настап на бремената Бијонсе
Бијонсе, музичката поп икона, настапи на церемонијата на музичките награди и тоа првпат откао објави дека е бремена со близнаци.
На спектакуларниот настап го покажа и голиот труднички стомак, а нејзината колешка Адел и оддаде посебна почест додека ја примаше наградата за најдобар албум "25" и најдобра песна "Hello", која доживеа планетарен успех.
Култниот музичар Дејвид Боуви кој почина минатата година, постхумно освои Греми за последниот маестрален албум "Black Star".
На церемонијата е одадена почест и на Принц и Џорџ Мајкл, музичари кои починаа минатата година.
Наградата Греми, е востановена во 1959 година, и годишно се доделува за исклучителни придонеси во музиката и дискографијата од страна на американската Академија за дискографска уметност и наука (НАРАС).
Ново на Сител
-
На 17 март ЕК ќе ја претстави „зелената електронска пропусница“ за оние кои се вакцинирани против Ковид
-
316 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Општина Центар 2,3 милиони евра од данок на имот, Арачиново 0 денари
-
Активистките за родова еднаквост го почнаа 8-мо мартовскиот марш пред МВР
-
Филипче: Инспекторатите имаат зголемени ингеренции, со интензивна работа сите протоколи може да се контролираат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од африкански сој на КОВИД-19?
-
Вакцинацијата со „Спутник V“ најверојатно ќе почне со повозрасните лица
-
Приведен 21-годишник од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и Охрид