Боздаг: Ако САД не го предадат Ѓулен, односите помеѓу Анкара и Вашингтон ќе се променат
Министерот за правда на Турција Бекир Боздаг за турскиот „Канал 24“ изјави дека доколку САД одбиваат да го предадат исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен на турските власти, тоа ќе влијае на билатералните односи.
- Ние ќе заминеме во САД со докази (за вината на Ѓулен во обидот за преврат на 15 јули). Ние имаме многу докази кои ги потврдуваат веќе познатите факти. Наполно е јасно дека наредбата за превратот ја дал Ѓулен, нагласи министерот.
Тој напомна и дека на 10 септември Турција официјално побара од САД привремено да го уапси Ѓулен, но од Вашингтон притоа побарале нови докази.
- Доколу тој не биде предаден, турско-американските односи нема да бидат како што биле претходно. Ќе има нови дискусии и спорови, уште повеќе, ќе се стекне впечток дека САД од самиот почеток соработуваат со мозокот на една терористичка организација, дека за нив тој е поважен од Турција. Ќе се појават сериозни проблеми во довербата помеѓу двете земји, изјави Боздаг.
Анкара го обвинува Фетхулах Ѓулен (кој од 1999 живее во САД) заедно со негови соработници од движењето „Хизмет", за директно учество во обидот за воен удар на 15 јули.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари