Босна го одбележува денот на државноста, помал инцидент во Мостар
Босна денеска го одбележува денот на државноста, во чест на антифашистичкото заседанието на Босна и Херцеговина во Мркоњиќ Град во 1943 година, за време на Втората светска војна. Во рамките на одбележувањето, група претставници на партизанската организација УАБНОР и од Социјал-демократската партија на Босна (СДП) вчера ги посетиле партизанските гробишта во Мостар, каде биле нападнати од страна на фудбалски навивачи.
- Лица со качулки вербално ги нападнаа луѓето кои дојдоа да положат цвеќе. Благодарение на нашата брза интервенција успеавме да ја заштитиме групата што беше нападната, изјави полициски портпарол за локален портал.
Се претпоставува дека нападот го извршила група од 20-ина навивачи на фудбалскиот клуб Зрински, кој е лоциран во близина на партизанските гробишта. И во минатото се случувало фудбалските навивачи да спречуваат собири на гробиштата.
СДП обвини дека се случил „фашистички напад“ на сили кои не можат да се помират со поразот од страна на партизаните во 1945 година и дека Босна останува држава заснована на принципите на антифашистичкото собрание од 1943 година.
Ново на Сител
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец