Бошњаковски: Заев е на билатерална средба во Берлин, Германија не се вклучува во преговорите
Германија не се вклучува во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, коментирајќи ја денешната посета на премиерот Зоран Заев на Берлин, каде што тој ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, која пак вчера имаше имаше телефонски разговор со Алексис Ципрас, а в петок ќе имаат средба во Брисел.
- Не. Германија не се вклучува. Преговорите се водат под закрилата на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц. Се работи за билатерална средба, на која ќе се разговара за повеќе работи, економски прашања, истакна Бошњаковски.
На прашањето дали Германија може да биде тој меѓународен фактор кој би влијаел врз двете земји доколку преговорите закочат Бошњаковски напомена дека земјата нема да се вклучува во процесот, но оти одредени пријатели на двете земји имаат свое видување за работите.
- Одредени пријатели на Република Македомнија и Република Грција имаат свое видување за работите, можно е да се дискутира, меѓутоа нема да учествуваат во преговорите, додаде Бошњаковски.
Тој истакна дека оптимизмот кој го изразува премиерот Заев дека до јули ќе биде пронајдено решение за спорот со Грција за името се должи на повеќе фактори, средбата на премиерите Заев и Алексис Ципрас, отворање на затворени прашања за кои 15 години не биле дискутирани, интензивни контакти на министрите за надворешни работи на двете земји.
- Придвижувањето на самите разговори е доволен показател дека постои простор за оптимизам, вели Бошњаковски, коментирајќи ги и информациите кои од грчка страна пристигнуваат во врска со преговорите.
- Информациите пристигнуваат од различни извори. Тоа што го има во формалните контакти е една работа и во принцип нема да шпекулираме со должината на преговорите со цел да не се наруши процесот, додаде Бошњаковски.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
