Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните. За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со оградата и просторот околу зградата на Владата, ќе бидат донесени низ инклузивен процес во консултација со граѓаните. Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни Бошњаковски, нивното отстранување чини премногу, а Владата нема намера да троши дополнителни пари за да ги исправи грешките на минатата власт.
– Владата го исполнува ветеното. Го промовираме концептот на отворена влада. Зградата на Владата и просторот околу неа се во владение на граѓаните на Република Македонија, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција на која заедно со неговиот колега Муамет Хоџа информираат за одлуките донесени на вчерашната владина седница
Ново на Сител
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
