-->
-->
Бошњаковски: Посетата на Коѕијас чекор напред кон решение
-->
Посетата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на Македонија, која се очекува идната недела, е чекор напред во придвижување кон конечното решавање на спорот, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
Тој посочи дека точниот датум на доаѓањето на Коѕијас во Скопје се уште не е утврден.
Запрашан во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за време на вчерашната прес-конференција со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, дека очекува помош од САД во однос на спорот со името, Бошњаковски го повтори владиниот став дека процесот за решавање на спорот за името се води под покровителство на ОН со посредство на медијаторот Метју Нимиц.
- Секое решение ќе оди преку медијаторот Нимиц. Решението ќе биде постигнато со заеднички компромис во интерес на двете страни. Тој договор што ќе го постигнеме ќе биде заемен компромис прифатлив за двете страни, достоинствено решение. Се уште не сме дојдени во некоја фаза во која што се потребни гаранции за договорот, рече Бошњаковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста