Балкан
23. јуни 2020 - 19:45

Борисов ќе биде казнет со 300 лева, не носел маска во манастирот Рила

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева (174 долари) заради прекршување на обврската за носење маска во затворен простор, за време на денешната посета на црквата во манастирот Рила, пренесуваат британските медиуми.

Министерот за здравство Кирил Ананиев вчера донесе одлука за повторна обврска за носење маски во затворено, откако минатата недела беше регистриран рекорден број случаи во земјата.

-Сите лица кои не носеа маски во манастирот Рила, за време на посетата на премиерот, ќе бидат казнети, рече Ананиев.

Тој потврди дека премиерот, како и новинарите, фотографите и снимателите кои го придружувале, ќе бидат казнети. Но, не одговори дали ќе се казни и свештеникот кој, исто така, не носел маска.

Манастирот Рила, што се наоѓа во планинската област јужно од главниот град Софија, стар повеќе од 1.000 години, и е една од најголемите туристички атракции во Бугарија.