-->
-->
Борење: Инцидент на изборното првенство!
-->
Претседателот на боречкиот клуб Вардар, Љубиша Пешко, физички е нападнат за време на денешните борби од Сениорското изборно првенство во борење (слободен стил) што се одржа во Радовиш. Пред очите на претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец, и спртскиот директор Насе Насев, неколкумина преставници на Лирија со тупаници удрија по поранешниот борач. Дознаваме дека Пешко го пријавил инцидентот во официјалниот записник, барајќи случајот да се истражи, а виновниците да одговараат пред Дисциплинската комисија.
На нападот му претходеше дуелот во категоријата до 57 килограми меѓу борачот на Вардар, натурализираниот Македонец од руско потекло, Владимир Егоров, и Елмедин Сејфулаи од Лирија. Егоров со технички туш го совлада младиот Сејфулаи, по што се случил инцидентот, за кој дополнителнио треба да се изјаснат органите на ФБСМ.
Извор: Спортмедиа.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници