-->
-->
Борел: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична
-->
Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ денеска.
-Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична, изјави Борел утрово за новинарите.
Министрите очекувано ќе зборуваат и за конфликтот помеѓу Русија и Украина.
Лидерите на САД и Русија го прифатија предлогот на францускиот претседател, Емануел Макрон за средба, и Европската Унија и натаму вели дека вложува во дипломатско решение на оваа криза.
Јосеп Борел потврди дека санкциите против Русија се подготвени и можат да бидат активирани доколку биде потребно. За тоа би се свикал вонреден министерски состанок, рече тој.
-По мој предлог санкциите ќе бидат подготвените кога ќе дојде моментот, но работиме тој момент да не дојде, изјави шефот на ЕУ дипломатијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ова е напаѓачот кај Скендербег што пукаше со пиштол кон демонстрантите | ФОТО
-
Протестот „Ултиматум – Не благодарам“ продолжува пред Собранието
-
Демонстрантите нападнати кај Скендербег, се слушна и истрел од оружје | ВИДЕО
-
Мицкоски: Со умен рационален пристап „францускиот предлог“ може да се смени
-
Петти ден протест против францускиот предлог
-
Николовски: ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на делови од предложената преговарачка рамка
-
Физичка пресметка меѓу повеќе лица по претходна сообраќајна несреќа
-
Маричиќ: Ако добро ги водиме преговорите до крајот на декадава може да станеме членка на ЕУ