Свет
15. April 2024 - 8:27

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Војната на Русија против Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, нагласи високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

„Во време кога американското учество во Европа станува се помалку сигурно, таа војна претставува егзистенцијална закана за ЕУ“, наведе Борел во блогот на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, по повод објавувањето на неговата книга „Европа меѓу две војни“.

Тој оцени дека е потребна промена на парадигмата во европската одбрана, истакнувајќи дека Европа предолго ја делегираше својата безбедност на САД и дозволи „тивко разоружување“ во последните 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид.