Борел: Посетата на Бајден на Израел е „апсолутно неопходна“

Шефот за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел, денеска оцени дека планираната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел по нападите на Хамас е „апсолутно неопходна“.
– Посетата на претседателот Бајден е апсолутно неопходна, рече Борел на прес-конференција во Рота во јужна Шпанија, каде што земјите-членки на ЕУ одржуваат заеднички воени вежби.
– Го повикавме Израел да ги спроведе своите одбранбени активности во согласност со меѓународното право, да се отворат хуманитарни коридори за да се донесе помош во Газа и да се заштитат цивилите.
Сигурен сум дека тоа ќе биде и пораката што претседателот на САД ќе пренесе, додаде тој. Бајден утре ќе замине во посета на Израел, каде ќе има средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
